Германскиот репрезентативец и офанзивен играч за врска Џулијан Дракслер се согласил да потпише нов тригодишен договор со Пари Сен Жермен, со оглед на тоа што тековниот договор му завршува на крајот од сезоната, објави француски “Л’Екип”.
27-годишниот фудбалер првично барал двегодишен договор со парижаните, но на крајот прифатил подолг договор, но и намалување на претходната плата од 7 милиони евра годишно.
Покрај контактите со клубови од Премиер – лигата и од Серија А, најголемата конкурентна понуда сепак била од Баерн Минхен, кој му понудил супериорни финансиски услови на Германецот. Сепак, Дракслер одлучил да остане на “Паркот на принцовите”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













