Фудбалот во Македонија се враќа во живот. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека согласно одлуките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, од утре ќе биде дадена дозвола за одржување на тренинзи на отворено за индивидуалните спортови, а веќе од следната седмица дозвола ќе добијат и екипните спортови (фудбалот), за да одржуваат тимски тренинзи. По две седмици, треба да биде дозволено и одржување на тренинзи во затворено, што значи дека ќе може да се активираат и кошарката, одбојката…
Овие препораки на Комисијата за заразни болести во текот на денешниот ден ќе треба да бидат изгласани и од Владата, по што и официјално ќе стапат во сила.
Ова значи дека фудбалот ќе може да се врати во натпреварувачки процес за околу три и пол седмици, сега фокусот се префрла кон Фудбалската федерација на Македонија која треба да одреди термин за продолжување на Првата фудбалска лига, многу веројатно и на Вторите лиги, секако без присуство на публика. ФФМ најави дека ќе организира состаноци со клубовите, ќе го слушне и нивното мислење и потоа треба да биде одреден конечен термин за рестарт на македонскиот фудбал.
Комисијата за заразни болести препорача оваа недела да се отворат и да се стават во функција центри за едукација и обука, семинари за возрасни, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови како тенис, обложувалници преку шалтер и шопинг молови, но без угостителските дејности. Ќе биде спроведен и скрининг, кој ќе отпочне со вработените во градинките, со цел и тие да бидат брзо ставени во функција на граѓаните.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













