Connect with us

Донарума стана „граѓанин“, ќе го носи дресот со број „25“

Џанлуиџи Донарума официјално пристигна во Манчестер Сити и предмалку беше претставен како нов голман на „граѓаните“. 26-годишниот Италијанец, кој по четири сезони го напушти ПСЖ, потпиша договор до јуни 2030 година и го покажа својот нов дрес со број „25“.

„Многу сум возбуден и горд што сум тука, во еден од најдобрите клубови на светот. Едвај чекам да започнам и да помогнам заедно да продолжиме да победуваме“, изјави Донарума.


Тој додаде дека е воодушевен од условите во клубот, тренинг-центарот и стадионот и се надева дека тука ќе освојува трофеи.

Донарума потпиша договор до јуни 2030 година, а се очекува да дебитира веќе овој викенд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови