Две недели поминаа, тренинзи, фотографирање, состаноци и огромно исчекување за денот кога ќе патуваме за Букурешт..Барди го чекавме како топол леб и конечно дојде.. Издржа 10 дневна изолација во 15 квадратни метри… на првиот индивидуален тренинг се радуваше како мало дете, се радувавме и ние… Вечерта дојде и Ипи Плаза, се е спремно. Другарска атмосфера… последни подготовки, последни финеси со костумите… пакуваме куфери, Физио собата се празни…

…06.30 Како и обично сум пред алармот. Фоајето се полни, одјавувања, утринско кафе и доручек… Зоки Хилтон го спрема бокалот со вода… со лесно, нели! Да се продолжи традицијата.

Рутински на аеродром, по некој парфем, шеги, кафе и многу селфи. Полетуваме, од десно во погледот се открива Рафинерија и Кумановско поле…Набираме висина, слушалки скоро кај секого, дотерани и скоцкани, доза на сериозност на сите лица, со исклучок на Џани, нормално…пилотот најави слетување, Дунав е под нас. Тач даун… Романците перфектни, брендиран автобус, килим и огромен медиумски интерес… Македонците први стапнаа во Букурешт…

Се пробиваме низ гужвите и конечно стигнавме во нашата база Мериот за престојот во Букурешт. Огромно присуство на обезбедување.
Ручек и се спремаме за тренинг, безброј протоколи, но сите се мирни. Тренингот одработен одлично, домаќините не изненадија и ни го разубавија денот, македонското знаме предничи насекаде…

А на семафорот – Welcome Macedonia…Честа ни припаѓа нам, да го сефтосаме новиот стадион на Стеауа.
…….Продолжува
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













