10.06.21
Првото кафе почна со фејсбук, на ѕидот се појави видео поврзано со ЕВРО 2020, снимки од Крањ 13.10.1993, првиот официјален натпревар на македонската репрезентација против Словенците…Историја, солзи радосници и прва победа за Македонија…
На почетокот на видеото осамна познат лик, нашите исправени пред химната и Зоки (Зоран Мицевски) на самиот крај од редот, бркови и голмански дрес во стилот на осумдесеттите. Направив кроп и му ја пратив сликата..
Зоки одговори! Ова беше од времето кога бев млад и убав, сега сум само убав…хахаха, прав демирхисарски шегобиец… му пишав да се симне на по едно кафе и евоцирање на спомени од тие времиња… Доаѓа! Муабетот се разгоре, се приклучи и Станиќ.
Сликата им ја покажав на Столе, Шишко и на Ристе.. Интересни коментари, и зачуденост.
„Туј е много млад…али озбиљно изгледа“, прокоментира Столе на кумановски… Смеа колку сакаш.
Колку ли само големи голмански имиња застанаа меѓу стативите од Крањ до Букурешт бранејќи го македонскиот гол. Чест за сите! А посебно за прерано починатиот Петар Милошевски, Слава му! Ова ЕВРО 2020 е и во негова чест.
Голема жештина, со колегите, ја бркаме сенката за шева, се поставуваат головите и прскалките работат на максимум…. Шутеви и индивидуална работа, пенал серија со кладба меѓу Столе и Горан, кипарската група работи изометрија, млада гарда остри нишан на другиот гол… Завршивме.
Додека трепнеш Џани е веќе влезен во возилото на Џандармеријата, неколку фотографии со него и кордонот се упатува кон хотел… Задоволни и гладни право во ресторан. На репертоар денеска е македонски микс…
Звучникот си доби огромна улога….
Задолжителен одмор, два часа никој не отвори врата… Збирно место пред хотел во 17.30 часот тргнуваме кон ботаничката градина за прошетка….
Надвиснале облаци, се спрема да врне. Пуштаме чекор, прекрасни мириси од разно-разни цвеќиња и растенија… Ни дојде како ароматерапија. Се упатуваме на вечера и последователно на УЕФА состанок за безбедност и интегритет на натпревари.
Огромна е подготовката за ваков континентален собир… се мисли на секој детаљ.
Боби изгуби од Рики на билијард, Горан го предизвика, Рики искусно потврди… Шеги од сите страни,.. Висар кулира на удобните фотељи.. чека ред за пинг – понг партија.
Докторскиот и физио тимот се спремаат за вечерните процедури, масажи, терапии, се санира се што се може…
Македонија е на Европско… па има ли нешто поубаво…
продолжува
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski