
Поранешната холандска фудбалска ѕвезда Дирк Кајт (41) ќе дебитира на боксерски меч во октомври оваа година. Поранешниот фудбалер на Феенорд и на Ливерпул ќе биде дел од хуманитарен настан кој ќе собере многу ѕвезди во рингот, а Кајт ќе биде еден од оние кои ќе одржат егзибициски меч.
Се уште не е познато против кого Кајт ќе се бори во рингот, но, се знае дека ќе биде некој кој исто така нема искуство во рингот.
Поранешниот фудбалер многу се радува на фактот дека ќе проба нешто ново.
„Доаѓам од фудбалот и за мене ова ќе биде како игра за холандската репрезентација. Предизвикот е да излезам од комфорната зона и да започнам нов спорт. Ќе тренирам напорно во следните месеци, а тоа што ќе се борам за добротворни цели ме мотивира уште повеќе“, изјави легендарниот фудбалер.
Дирк Кајт ја започна својата фудбалска кариера во Утрехт. Тој експлодираше во Феенорд, а потоа се прослави играјќи за Ливерпул од 2006 до 2012 година. Потоа играше за Фенербахче, пред да ја заврши кариерата во Феенорд во 2017 година.
За холандската репрезентација настапи 104 пати и постигна 24 гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата
