
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски викендов на мегдан со својот Рајо Ваљекано против Леванте, тимот во чии редови е Енис Барди. Македонско соочување на репрезентативците, за првпат откако и двајцата „фудбалскиот леб“ го печалат во Шпанија.
По двата претходни порази, во таборот на Рајо Ваљекано без сомнение посакуваат триумф против Леванте верувајќи дека од тој меч конечно ќе почнат и со битката за издвојување од дното на табелата.
„Со нетрпение го чекам соочувањето со Енис Барди, мојот репрезентативен колега кој игра одлична сезона во Леванте. Но, во тоа соочување дефинитивно желбата е триумф со кој ќе ги избришеме претходните два порази. Играме добро па верувам дека можеме до трите бода“ – вели Димитриевски во пресрет на „македонскиот дуел“.
Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Леванте се игра в недела од 18:30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
