Connect with us

Диего Симеоне ќе остане во Атлетико Мадрид до 2027 година

Најуспешниот тренер во историјата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се согласил на нов договор со клубот, пишува весникот „Марка“.


Договорот е за уште три сезони, што значи дека на чело на Атлетико Мадрид ќе остане до летото 2027 година. Договорот официјално ќе биде објавен во наредните денови.


Сестрата на Чоло и негов агент Наталија одржа два состаноци со раководството на клубот и многу брзо успеаја да се договорат со Мигел Анхел Хил Марин.


Доколку Симеоне остане до крајот на договорот, тој ќе биде на чело на клубот повеќе од 15 години.


На Атлетико му оди добро оваа сезона, се наоѓа на четвртото место на табелата со 25 бода. Тимот имаше шест победи во низа во Ла Лига пред да загуби од Лас Палмас во петокот со 2-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови