Connect with us

Дибала се врати на тренинзите на Рома

Ѕвездите на италијанскиот калчолигаш Рома, Пауло Дибала и Ренато Санчез, се вратија на тренинзите на тимот. Аргентинецот ги пропушти последните три натпревари на својата екипа поради повреда што ја заработи за време на победата од 4-1 над Калјари на 8 октомври.


Ренато Санчез, пак, не успеа да избори стартно место во редовите на Рома по доаѓањето од Пари Сен Жермен. Португалецот исто така заработи повреда во септември и оттогаш е надвор од плановите на Жозе Мурињо.

Сепак, двајцата целосно се вклучија во тренинзите на тимот на Рома за претстојниот натпревар со Лече викендов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови