
Крилниот напаѓач Анхел Ди Марија и официјално објави дека ќе го напушти Јувентус како слободен играч откако на крајот на месецот му истекува договорот со клубот.
„Дојде крајот на една тешка и компликувана фаза. Заминувам со спокојство дека дадов сѐ од себе за да можам да му помогнам на клубот да продолжи да освојува трофеи, но тоа не се случи. Заминувам со горчлив вкус што не успеав тоа да го постигнам, но среќен сум што запознав многу пријатели од оваа извонредна соблекувална во која бев дел. Им благодарам на сите мои соиграчи за сета љубов што ми ја дадоа од првиот ден. Секогаш се чувствував како дома. Голема благодарност до сите навивачи на Јувентус за нивната секојдневна љубов“, напиша Ди Марија на Инстаграм.
Со тимот на „бјанконерите“, светскиот шампион со Аргентина забележа 40 натпревари со вкупно осум гола и седум асистенции во сите натпреварувања, но не успеа да ја оствари целта да освои трофеј со торинскиот гигант.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
