
Рома го ангажираше Жозе Мурињо за нов тренер од следната сезона. Тој по 11 години ќе се врати во Серија А откако претходно освои тројна круна со Интер. Но, не се сите воодушевени од кариерата и способностите на Португалецот, а хит во Италија е порака на контроверзниот Паоло ди Канио, поранешниот фудбалер на Лацио испратена до свој пријател.
„Го донесовте најлошиот од најлошите. Разбирам дека ви е потребно големо име сега, но тоа е исто да донесете играч кој ја завршил кариерата. Мурињо сака само работа со добра плата. Тој доби три откази во четири години и го отпуштија од сите клубови во кои работеше“ – е пораката на Ди Канио до навивачите на Рома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal