 
																												
														
														
													Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, ќе биде подложен на операција на левото рамо оваа среда во Лондон. Англискиот репрезентативец има проблеми со рамото уште од крајот на 2023 година, кога доби дислокација за време на натпревар против Рајо Ваљекано на „Сантијаго Бернабеу“.
Белингам по ова ќе отсуствува од терените помеѓу 10 и 12 недели.
Играчот и клубот веќе неофицијално најавија дека Белингам ќе оди на операција по завршувањето на Светското клупско првенство, за да може да ја искористи тринеделната пауза за рехабилитација. Од ноември 2023 година, Белингам игра со медицинска лента на рамото, која му создава непријатности и го ограничува во движењата.
Повредата влијаеше и на неговите игри. Иако имаше импресивен старт во Реал Мадрид, формата на Белингам постепено почна да опаѓа.
Реал Мадрид очекува Белингам да биде целосно опоравен до репрезентативната пауза во октомври. Додека Англичанецот биде отсутен, тренерот Чаби Алонсо ќе мора да најде решение како да го замени овој клучен играч, кој е незаменлив стартер уште од неговото доаѓање на „Бернабеу“ пред две години.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														