Connect with us

Џирона се засилува од Манчестер Јунајтед?

Џирона, малиот каталонски клуб е најголемата сензација во Ла Лига, а веројатно и во цела Европа, оваа сезона. Во првиот дел од сезоната, Џирона е лидер на табелата во шпанскиот шампионат и не потклекнува во трката со Реал Мадрид и со Барселона. Доказ за тоа сигурно е и триумфот против Барселона (2-4) изминатиов викенд.


Џирона сега размислува и за засилувања, а желбата на тимот е Дони ван де Бек. Станува збор за холандскиот играч за врска, кој беше апсолутно игнориран од стручниот штаб на „Олд Трафорд“ во изминатиот период.

Овој 26-годишен фудбалер има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2025 година, но сака да замине затоа што речиси воопшто не добива шанса за настап. Покрај Џирона, за него е заинтересиран и Ајнтрахт Франкфурт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови