Connect with us

Џенова му „украде“ бод на Наполи, ќе има луда трка за „скудетото“ (ВИДЕО)

Наполи не успеа да ја искористи шансата да се одлепи на три бода предност пред Интер, откако одигра 2-2 против Џенова на „Диего Армандо Марадона“ во 36. коло од Серија А. Избраниците на Антонио Конте имаа водство до самиот финиш, но не успеаја да го задржат, со што борбата за титулата останува отворена.

Лукаку погоди за водство на Наполи по асистенција на Мектоминеј, но Џенова израмни по автоголот на Мерет.

Во второто полувреме, Наполи повторно дојде во водство преку Распадори, по нова асистенција од Мектоминеј. Сепак, Васкез во 84. минута донесе бод за Џенова и ги замрси сметките на Наполи.

Со ова реми, Интер сега е на само еден бод зад лидерот и ќе има шанса да го преземе врвот во следното коло кога ќе се соочи со Лацио, додека Наполи ќе гостува кај Парма.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови