
Евертон сериозно ја разгледува можноста да го донесе Џек Грилиш, откако офанзивецот падна во втор план кај Манчестер Сити. Иако „граѓаните“ пред три години вложија рекордни 100 милиони фунти за неговите услуги, сега се подготвени да го пуштат за околу 40 милиони фунти.
„Карамелите“ се заинтересирани најпрво за позајмица, но високата неделна плата на Грилиш од 300.000 фунти претставува сериозна пречка. Евертон би барал финансиски отстапки од Сити за да ја реализира зделката.
Во сезоната кога Сити ги освои сите домашни и европски трофеи, Грилиш беше важен дел од тимот со 50 настапи и 16 учества во голови. Сепак, минатата сезона неговата улога се намали, најмногу поради повреди и слаба форма. Тој одигра само 20 натпревари во Премиер – лигата, со еден гол и една асистенција, и не беше дел од тимот за Светското клупско првенство.
Ова лето би можело да донесе нов почеток за него, особено ако Евертон и Манчестер Сити најдат заеднички јазик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
