
Борусија Дортмунд повторно го разгледува ангажманот на Џејдон Санчо и би можела по третпат да го врати англискиот офанзивец во своите редови. Според германските медиуми, клубот сериозно размислува за трансфер на крилниот играч на Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ бараат околу 20 милиони евра за 25-годишниот фудбалер, кој е и на радарот на Јувентус.
Санчо минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Челси, но не успеа да остави посилен впечаток, поради што „сините“ решија да не го откупат неговиот договор. Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, исто така нема планови да смета на него.
Иако Борусија сè уште не донела конечна одлука дали ќе испрати официјална понуда, самиот Санчо е отворен за враќање на „Сигнал Идуна Парк“, каде што ги одигра најдобрите натпревари во кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
