Поранешниот италијански репрезентативец Џанлука Вијали (58) итно e префрлен во болница во Лондон бидејќи неговата здравствена состојба се влошила, пишува „Газета дело Спорт“. Вијали боледува од канцер, кој беше откриен во 2017 година, а веќе помина два круга на хемотерапија.
„По долги и тешки преговори со моите лекари, решив, се надевам привремено, да се повлечам од моите должности во италијанската репрезентација. Целта ми е да ја искористам сета моја физичка и ментална енергија за да му помогнам на моето тело да се опорави во оваа фаза од болест. Се надевам дека ќе се вратам на новите авантури што е можно поскоро“, напиша Вијали на 14 декември.
Вијали имаше одлична играчка кариера. Играше за Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и за Челси. Со Јувентус во 1996 година ја освои Лигата на шампионите, а исто така два пати беше шампион на Италија, еднаш со Јувентус и еднаш со Сампдорија. Тој беше и најдобар стрелец на италијанската лига во 1991 година и на Купот на Италија во 1989 година, кога постигна 13 гола во тоа натпреварување.
Имаше и кратка тренерска кариера. Тој го презеде Челси во 1998 година и таму остана две и пол години и го водеше лондонскиот клуб на 133 натпревари. После тоа, тој го водеше Вотфорд на уште 51 натпревар. Работеше како координатор во италијанската репрезентација од ноември 2019 година, а таа позиција мораше да ја напушти бидејќи здравствената состојба му се влоши.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













