
Фудбалската репрезентација на Македонија освои значаен бод одигрувајќи 1-1 против големиот фаворит Белгија, на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со ова реми, Македонија сега има пет бодови и се наоѓа на втората позиција во групата, зад Велс кој има седум, по победата од 3-0 над Лихтенштајн.
Гостите од Белгија дојдоа до водство во 29. минута преку Максим де Кујпер, кој од непосредна близина ја смести топката во мрежата по блокираниот шут на Лукаку.
Само две минути претходно, Македонија имаше огромна шанса – прво Елмас ја погоди стативата со силен удар од 25 метри, а веднаш потоа Алиоски ја погоди спротивната статива.
Во второто полувреме, Македонија постигна гол уште во 48. минута преку Елмас, но по ВАР проверка голот беше поништен поради офсајд на Бојан Илиевски, кој го попречувал видикот на голманот Селс. Белгија возврати во 70. минута преку Раскин, кој ја погоди стативата по уфрлување на Доку.
Alioski | 🇲🇰 North Macedonia 1-1 Belgium 🇧🇪pic.twitter.com/ybXCENcAVI
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 6, 2025
Македонија не се откажа и продолжи да атакува, а наградата стигна во 87. минута кога Алиоски постигна прекрасен гол од волеј по асистенција од Чурлинов, носејќи израмнување и голема радост кај навивачите.
Со ова реми, Македонија останува непоразена и ја продолжува битката за пласман на Мундијалот. Следен предизвик за нашата селекција е гостувањето кај Казахстан во Астана, во понеделник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња

Интернационалци
Аврамовски двоен стрелец во триумфот на Сиваспор (ВИДЕО)
