Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, сака Светското првенство да се одржува на секои три години наместо на секои четири, објави „Дејли Мејл“.
Инфантино е охрабрен од успехот на првенството во Катар и смета дека првото зимско Светско првенство покажало дека фудбалот може да продолжи да расте. Натпреварувањето и донесе рекорден приход од седум милијарди евра за ФИФА, речиси една милијарда повеќе од минатиот шампионат.
„Планот на Инфантино е Светското првенство да се игра на секои три години, а во преостанатите две години да се гледа Светското клупско првенство и континенталните натпреварувања како што е Европското првенство“, пишуваат Британците.
Промена по 2030 година?
Промената сигурно нема да се случи до 2030 година бидејќи дотогаш е затворен календарот на големите натпреварувања, но се верува дека Инфантино ќе воведува светски првенства на секои три години по шампионатот во 2030 година. Уште претходно најави дека планира да биде на чело на ФИФА до 2031 година, па има доволно време да подготви промени.
Претходно Инфантино сакаше Светско првенство на секои две години, но тој предлог го одбија УЕФА и јужноамериканските фудбалски конфедерации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













