Connect with us

Дешамп: Тешко е да се каже дека Меси е подобар од Роналдо или од Мбапе

Легендата на светскиот фудбал Лионел Меси синоќа го грабна својот осми трофеј „Златна топка“, што е апсолутен рекорд кој тешко дека наскоро ќе биде подобрен. Најблиску до него е неговиот голем ривал во последните повеќе од две децении, Кристијано Роналдо, кој има пет индивидуални награди.

Сепак, селекторот на Франција, Дидие Дешамп, одби да го означи Аргентинецот како најдобар играч во светот, како што многумина веруваат. Според него, тешко е да се постави Меси на повисоко ниво од другите играчи како Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе.

„Меси е најдобриот играч на сите времиња? Така велат Аргентинците. Тешко е да се каже дека е подобар од Кристијано Роналдо или од Килијан Мбапе кој е многу помлад. Тоа се играчи кои оставија свој белег во историјата на светскиот фудбал“, изјави Дешамп за мексиканска телевизија, која го објави настанот.

Франција загуби од Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар по изведување пенали. Лионел Меси постигна два гола за „гаучосите“, а Килијан Мбапе три за „петлите“ во регуларниот дел и во продолженијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови