
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, откри дека Карим Бензема нема да се приклучи на тимот во пресрет на утрешното финале против Аргентина. Како што истакнува, тој се уште е повреден, иако од Реал Мадрид дојдоа информации дека без проблем одиграл пријателски натпревар од затворен карактер.
Ова фрла уште една голема доза на шпекулации дека сепак Карим Бензема не замина од националниот тим само поради повреда.
„Ако не одговорам, ќе речете дека сум лут. И претходно имав повредени играчи. Карим е еден од нив. Последен кој се повреди е Лукас Хернандез. Оттогаш имам 24 играчи за работа. Групата е тука. Не зависи од мене кој доаѓа да го гледа натпреварот. Мојата концентрација е на 24-члениот тим што го имам и тоа ќе бидат играчите кои се на располагање за утре. Тие се дел од почетокот на ова патување со нас“, изјави Дешамп.
Финалето на Светското првенство меѓу Франција и Аргентина е закажано за утре, со почеток во 16 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
