Францускиот фудбалер Осман Дембеле од пеколот отиде во рајот во изминатите два месеци, а неделната пресметка и убедливата победа на Барселона против Атлетик Билбао (4-0) би можеле да бидат пресвртница во неговата кариера.
Дембеле блескаше на крајот од мечот на „Камп Ноу“ и со гол и две асистенции ја направи победата далеку поубедлива.
Несомнено е дека тренерот Чави Хернандез е главниот „виновник“ за заживување на играта на Французинот, бидејќи му даде доверба во најтешките моменти и не би било чудно тој да остане во Каталонија и по летото.
„Мислам дека не треба сега да зборуваме за обнова на соработката со Дембеле. Ајде да зборуваме за играта. Ова е тимска игра и соодветно завршивме добра работа. Не е време за другата тема“, изјави Чави по мечот.
Тој додаде дека Дембеле покажал дека може да биде најдобар играч на светот на својата позиција, но дека има уште долг пат до нов договор. Потоа се префрли на свирежите на навивачите упатени до Французинот.
„Луѓето се слободни да прават што сакаат. Се што можам да кажам е дека Дембеле е голем професионалец и прави разлика на теренот. Се надевам дека навивачите ќе го поддржат”, изјави Чави, а на пофалбите на Дембеле се приклучи и тренерот на Атлетик Билбао, Марселињо, оценувајќи го настапот на Французинот како фантастичен.
Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека по фијаското на крајот на годината за обнова на соработката, односите меѓу Дембеле и Чави се зближиле, а Французинот се уште не се договорил со никого и дека е можно да се разговара за продолжување на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?













