Connect with us

Дејан Станковиќ на клупата на „црвено-белите“ до 2025 година

Шефот на стручниот штаб на српскиот првак Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, го продолжи договорот до 2025 година, објави клубот. Со овој потпис управата на „црвено-белите“ заврши одлична работа пред сите предизвици кои ги очекуваат во наредниот период.


„Се чувствувам феноменално. По многу добра и тешка сезона, направивме голем успех и потпишувањето на договорот е потврда дека заедно можеме да направиме се, да размислуваме позитивно за иднината. Би сакал да му се заблагодарам на клубот за довербата и трпението. Овие две и пол години беа убави, сега почнува нов и уште посилен циклус. Ова е само потврда дека клубот веруваше во мене од првиот ден, па правиме силна целина и блок. Би сакал да им се заблагодарам и на моите момци, без нив не би бил комплетен. Без нив не би можел да постигнам толку значајни резултати. Им благодарам и на навивачите кои секогаш беа со мене и ја дадоа својата поддршка. Заедно можеме се“, изјави Станковиќ.

„Што се однесува до целите на клубот ништо не е сменето. Звезда е таков клуб што целите се секогаш исти – двојна круна, групна фаза во Европа и да се обидеме да стигнеме што подалеку, така ќе биде секоја година, без разлика кој е тренер, а кои се играчите. Целите секогаш ќе бидат големи“, потенцираше тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови