Connect with us

Дебито на Пол Погба за Монако ќе се случи дури по три месеци

Монако планира да го одложи деби настапот на Пол Погба до октомври, до кога поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед и Јувентус ќе продолжи да работи на својата физичка подготвеност.

32-годишниот Французин, кој потпиша за тимот од Лига 1 како слободен играч претходно летово, нема одиграно официјален натпревар од септември 2023 година.

Иако неговата суспензија поради допинг официјално заврши во март, Погба привлече интерес од неколку клубови ширум светот.

Монако, сепак, не сака да ризикува со негово прерано враќање. Клубот моментно располага со еден од најквалитетните средни редови во француската лига, што му овозможува на тренерскиот тим постепено и внимателно да го врати Погба на терените.

Играчот изразил желба да настапи на отворањето на сезоната 2025/26 против Ле Авр, но неговите планови се одбиени од страна на клубот, кој го става во преден план долгорочното здравје и кондиција на фудбалерот.

„Гарантирам дека тој нема да биде на теренот против Ле Авр. Пристапуваме реалистично. Очекуваме процесот на враќање да трае околу три месеци“, изјави извршниот директор на Монако, Тијаго Скјуро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови