Connect with us

Де Кујпер погоди, тоа што претходно не го погодија Елмас и Алиоски – Белгија води (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Белгија има минимално водство од 0-1 против Македонија по првото полувреме на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026.

Стрелец на единствениот гол беше Максим де Кујпер во 29. минута. Тој се најде на вистинското место по една мешаница пред нашиот гол – шутот на Лукаку беше блокиран од македонската одбрана, но топката одбиено стигна до Де Кујпер, кој од непосредна близина ја смести во мрежата.

Македонија можеше да поведе само две минути пред голот на Белгија. Во 27. минута, Елиф Елмас со силен удар од 25 метри ја погоди стативата, а веднаш потоа, по одбиената топка, и Езџан Алиоски ја погоди спротивната статива – вистинска несреќа за „црвено-жолтите“.

И покрај резултатот, Македонија прикажа добра и борбена игра, со неколку сериозни шанси, и останува надеж дека во второто полувреме ќе успее да израмни или целосно да го сврти резултатот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови