Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, би сакал на „Олимпико“ да му се придружи голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа. Мурињо веќе е потврден како нов тренер на Рома за сезоната 2021/22, а Португалецот сака да го засили составот во претстојниот летен преоден рок.
Мурињо ќе се обиде да го доведе Давид Де Хеа кој ова лето би можел да добие зелено светло за напуштање на „Олд Трафорд“. Тој оваа сезона се пресели на клупата за резерви, а Дин Хендерсон доби предност на голот на Јунајтед од Оле Гунар Солскјер.
Рома е подготвена да понуди 25 милиони евра за да го доведе поранешниот голман на Атлетико Мадрид, бидејќи Манчестер Јунајред сака да се ослободи од неговата голема плата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













