
Браќата Давид и Доријан Бабунски за првпат заедно ќе бидат дел од А-репрезентацијата на Македонија. Двајцата фудбалери на Дебрецен добија повик од селекторот Благоја Милевски, соопшти унгарскиот клуб.
Браќата Бабунски играат одлично во Унгарија, а тоа придонесе да се најдат и на списокот на Милевски за баражот за Светското првенство против Италија на 24 март во Палермо. Доколку Македонија ја победи Италија, тогаш ќе игра против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција, исто така на гости, пет дена подоцна.
Давид Бабунски по пауза од пет години повторно добива шанса во сениорскиот национален тим. За ова придонесоа и суспензиите на Елиф Елмас и на Тихомир Костадинов, кои немаат право на првиот бараж меч против Италија поради жолти картони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
