Јувентус продолжува со преговорите со Пари Сен Жермен околу Рандал Коло Муани, но паралелно испратил и официјално барање до Ливерпул за Дарвин Нуњез. Уругвајскиот напаѓач е сè поблиску до заминување од „Енфилд“, а до неодамна најзаинтересиран клуб за неговиот потпис беше Наполи.
Торинскиот гигант го доведе Коло Муани како позајмен играч за последните шест месеци од изминатата сезона и сега се обидува да договори траен трансфер или нова позајмица со опција за откуп следното лето. Францускиот напаѓач исто така е подготвен да остане во Јувентус, свесен дека нема иднина во тимот на Луис Енрике.
Иако Коло Муани останува прва опција, Јувентус активно разгледува и други решенија во нападот. Според италијанските медиуми, вчера бил остварен директен контакт со Ливерпул за евентуален трансфер на Дарвин Нуњез.
Наполи се повлече од трката поради високото барање од 50 милиони евра и наместо тоа го ангажираше Лоренцо Лука од Удинезе. Јувентус би можел да ја искористи оваа ситуација и да го донесе 26-годишниот Уругваец во Торино.
Дарвин Нуњез пристигна во Ливерпул од Бенфика во 2022 година за 85 милиони евра. Во сезоната 2023/24, настапи на 47 официјални натпревари, постигнувајќи седум голови и седум асистенции.
И покрај атрактивната понуда од Ал-Хилал, фудбалерот јасно изразил желба да остане во Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













