На едно коло пред крајот решена е шампионската трка и во Саудиска Арабија. Нов шампион е Ал-Итихад, кој вечерва како гостин убедливо со 3-0 го совлада тимот на Ал Фејха на Александар Трајковски и сега има недостижни пет бода повеќе од Ал-Наср на Кристијано Роналдо.
Шараили веќе во третата минута го совлада голманот на Ал Фејха, Владимир Стојковиќ, а Ромарињо пред крајот на полувремето ја удвои предноста на новиот шампион. Во продолжение Ромарињо уште еднаш го совлада Стојковиќ и ги постави конечните 3-0 за Ал-Итихад во 86. минута.
Ал Фејха така остана на 30 бода, три бода над зоната за испаѓање, па опстанокот ќе го решава во последното коло против Ал Вехда.
Кристијано Роналдо вечерва повторно го предводеше нападот на Ал-Наср против Ал Етифак, а тој дуел заврши без победник, 1-1. Дарко Велковски успеа да го сопре Роналдо.
Домашните поведоа со голот на Нијакате во 43. минута, а Луиз Густаво донесе конечни 1-1 на Ал Наср во 56. минута од натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













