Најдобриот фудбалер на Македонија во изминатиот век, Дарко Панчев, даде интервју за ФФМ и вели дека Муамед Сејдини е најдобриот претседател што досега бил на чело на федерацијата, со оглед што во неговиот период Македонија играше на Европско првенство.
„Мене ми пречеше во еден период кога одредени медиуми велеа најдобра репрезентација во историја на фудбалот, најдобар тренер во историја на фудбалот, во ред, а што е со федерацијата, со претседателот? Од друга страна пишуваат дека треба да го сменат претседателот. Јас им кажував, чекајте бе луѓе, зошто сте така необјективни, ако поради овој успех ги квалификувате така овие три работи како најдобри во историја, па треба и претседателот да го квалификувате како најдобар во историја, тој ја води федерацијата, не ја водам јас. Јас сум објективен и ми пречи таа необјективност. Ние пишуваме јавно, не смееме на граѓаните да им создаваме лажна слика“, изјави Панчев во интервју за ФФМ.
Дарко Панчев вели дека фудбалската репрезентација на Македонија има голем карактер, со оглед дека одигра 1-1 против Италија по еден таков дебакл што се случи против Англија во Манчестер.
„Да одиграш еден таков меч со Италија после дебакл каков што беше тој во Манчестер е навистина покажување карактер и силен тимски дух. И за тоа и играчите и стручниот штаб заслужуваат искрени честитки. Но, мора да се каже дека пред тој септемврски собир се случија некои работи кои навистина не ми се допаѓаат, како откажувањето на некои играчи кои се дрзнаа да кажуваат дали некој селектор им се допаѓа или не. Јас сум бил играч и репрезентативец и никогаш не ми паднало на памет јас да кажувам и во клуб и во селекција на раководството кого да постават селектор. Како играч треба да ти е чест да бидеш повикан во репрезентацијата, таа репрезентација ти помогнала и ти овозможила да продолжуваш договори и во клубовите каде играш. Тоа треба да се почитува и цени. Замислете секој месец по некој играч да си кажува дали му се допаѓа или не некој селектор, па ние да ги менуваме по нивна желба. Тоа едноставно така не може и не смее да функционира. Секој си има своја задача во еден национален тим. Ти како играч си должен да дојдеш и да дадеш максимум за репрезентативниот дрес.
„Мислам дека тој дебакл во Манчестер беше резултат токму на некоја нарушена атмосфера во репрезентацијата која ја предизвикуваа поединци. Кога потоа се расчистија некои работи дојдоа два одлични натпревари во септември против Италија и против Малта. Ете погледнете, во јуни ние на два натпревари примивме десет гола, во моменти кога имаше очигледно некои нарушувања на атмосферата. Како во септември ги немаше тие постојани пореметувања во соблекувалната, повеќе немаше проблем и тоа се виде на терен. Така да, има тука многу за анализа, и не е се така случајно“.
Пандев има позитивно мислење и за селекторот Благоја Милевски.
„Јас еве уште еднаш може да кажам дека имам навистина позитивно мислење за Боби Милевски. Тој е првиот македонски селектор кој има храброст да игра фудбал против секоја селекција, наспроти секогаш дефанзивната ориентација на сите претходни селектори. Е, сега некогаш тоа му носи резултат, некогаш не…, но таков е фудбалот. Сепак, важно е дека има храброст да настапува агресивно во напад, со три офанзивни играчи, постојано да се проба да се комбинира на терен… Тој стил на игра мора и натаму да го негуваме“ , вели Дарко Панчев во интервјуто за ФФМ, по повод 30 години од историскиот прв меч против Словенија (1-4) во Крањ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski