Connect with us

Данило ја обнови повредата и не игра против Фиорентина

Капитенот на Јувентус, Данило, заработи уште една повреда на тренингот на Јувентус и сега е многу веројатно да го пропушти претстојното гостување на „бјанконерите“ кај Фиорентина во недела навечер, открива „Калчомеркато“.


32-годишниот фудбалер доживеа истегнување на тетивата на левата нога додека беше со репрезентацијата на Бразил за време на последната лигашка пауза. Првично се очекуваше дека тој ќе биде надвор од терените за период од околу 20 дена, па неговиот ангажман на натпреварот со Фиорентина никогаш не беше загарантиран.

Индикациите во последните денови му дадоа надеж на Масимилијано Алегри дека може да смета на него за гостувањето во Тоскана. Сепак, Данило сега заработи нов проблем со мускулот на ногата и шансите да игра против Фиорентина се речиси никакви.

Сосема е веројатно дека Данило ќе го пропушти и натпреварот против Калјари следниот викенд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови