
Бразилскот ас Дани Алвеш, кој е обвинет за силување и се наоѓа во притвор во Барселона, испрати искрена порака до својата поранешна сопруга Јоана Санц, која пред една недела објави дека се разделува од него преку социјалните мрежи.
Доколку Дани Алвеш биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од 4 до 12 години.
„Драга моја Јоана, тоа беа осум години љубов, почит и взаемна грижа. Особено последните неколку години со вас сè изгледаше полесно и попријатно. Ти и моите деца, Дени Фиљо и Викторија, сте најдоброто нешто што ми се случило. Ќе продолжам да се борам како и секогаш, верувајќи во себе и со поддршка од сите оние кои знаат кој сум навистина. Ќе се борам до крај за безусловната љубов на моите деца, моите родители и сите оние кои продолжуваат да бидат покрај мене за да можам да докажам дека сум невин“, објави Дани Алвеш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
