
Во првото полуфинале на Светското првенство во Катар, фудбалерите на Хрватска ќе ги одмерат силите против Аргентина. Селекторот Златко Далиќ изјави дека неговиот тим има волја, сила и енергија да ја победи Аргентина и да се пласира во финалето.
„Влеговме меѓу четирите најдобри репрезентации во светот. Голема работа е да се успее на две последовни светски првенства. Сакаме повеќе, бидејќи играме против големата Аргентина, предводена од Лионел Меси. Има поголем притисок врз нив, бидејќи знаеме како играат и во која насока сакаат да ја одведат играта. Јас сум оптимист и верувам во играчите, покажаа квалитет и карактер. Без тоа немаше да стигнеме до полуфинале. Нема да се прилагодиме на ривалот, ќе ја играме нашата игра“, изјави Далиќ.
Тој истакна дека Хрватска мора да игра фокусирано како на натпреварот против Бразил во четвртфиналето на Мундијалот. Далиќ знае што треба да направи неговиот тим.
„Чувството е прекрасно. Секој спортист сака финале. Аргентина е одлична, но многу ќе зависи и од нас. Мора да играме тимски, како што игравме против Бразил. Мора да и помогнеме на одбраната ако сакаме да направиме нешто како во Русија. Само како тим можеме да го освоиме трофејот. Немаме посебен план, но мораме да покажеме карактер од првата минута“, истакна хрватскиот селектор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
