
Сопственикот на Челси, Роман Амбрамович излезе со многу интригантна изјава, објавена на официјалниот сајт на клубот. Во неа рускиот милијардер објави дека го предава управувањето со клубот на одборот кој управува со Фондацијата Челси. Според него, во сегашните услови тие најдобро можат да се грижат за интересите на клубот, играчите, персоналот и на навивачите.
„Во текот на овие 20 години како сопственик на Челси, секогаш ја гледав мојата улога како чувар на клубот, чија работа е да се погрижи да бидеме што е можно поуспешни денес и да ја градиме иднината, а притоа да имаме позитивна улога во нашата заедница. Секогаш сум носел одлуки следејќи ги најдобрите интереси на клубот. Останувам посветен на овие вредности. Затоа денес го давам старателството и грижата за Челси на Одборот кој раководи со Фондацијата на клубот. Верувам дека во моментов тие се во најдобра позиција да се грижат за интересите на клубот, играчите, персоналот и на навивачите“, изјави Роман Абрамович.
Челси во моментот е актуелен европски и светски клупски првак, а на Роман Абрамович му е забрането да влезе во Велика Британија поради добрите релации со Владимир Путин, кој нареди агресорски напад над Украина.
Statement from Club Owner Roman Abramovich.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) February 26, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
