
Фудбалерот од средниот ред на Франција, Аурелиен Чуамени, игра одлично на овој Мундијал и е меѓу играчите со најголеми заслуги за пласманот на „триколорите“ во финалето. Тој беше стартер на сите натпревари досега и го постигна првиот гол во победата од 2-1 над Англија во четвртфиналето.
„Против Аргентина мораме многу дисциплинирано да се браниме и да ги покажеме нашите најсилни квалитети. Да, го имаат Лионел Меси, но освен него имаат и 10 други исклучително квалитетни фудбалери“, изјави Чуамени.
„Свесни сме за можноста да испишеме историја и ќе се обидеме да ја искористиме“, додаде играчот од средниот ред на Реал Мадрид.
Финалето на Светското првенство во Катар е закажано за в недела во 16 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
