Connect with us

Чкембари до општина Битола: Спасете го клубот, одблокирајте ја сметката и пријавете фудбалери за Прва лига

Навивачката група Чкембари упати последен апел до општина Битола и до градоначалничката Наташа Петровска за спас на фудбалскиот клуб Пелистер. Тое бараат итно да биде одблокирана сметката на клубот, се работи за долг од околу 20.000 евра, а потоа и да се регистрираат фудбалери за настап во Првата лига.


Почитувани, во рок од 48 часа да го одблокирате фудбалскиот клуб (блокадата е за околу 20.000 евра) и да пријавите фудбалери кои ќе се натпреваруваат во новата сезона. Ние како навивачка група и веруваме ветераните на фудбалскиот клуб Пелистер ви се ставаме на располагање во овие моменти. Не наседнувајте на лажни инвеститори кои можат засекогаш да го оштетат Пелистер! Несериозни уште на самиот старт, а како ќе биде понатаму?

Самите изјавувате дека досега вашата гарнитура во ФК Пелистер дала околу 600.000 евра, ако тука го ставиме и стадионот со околу 5 милиони евра, кој е наменет токму за Пелистер, тогаш сите овие инвестиции ви паѓаат во вода за 20.000 евра. Вашата очигледна незаинтересираност за фудбалскиот проблем и оставањето на другите да го решават овој проблем не доведе до оваа ситуација.

Лесно се решава:

  1. Одблокирајте го клубот
  2. Пријавете играчи
  3. Обезбедете нормално функционирање за наредните 5 месеци
  4. Најдете СЕРИОЗЕН ИНВЕСТИТОР!!!
    Овој апел ќе го слушнете уште утре од нас лично, сфатете го сериозно, штетата може да биде непоправлива!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови