Connect with us

Челси сака да го купи и Морган Роџерс, Астон Вила бара 80 милиони фунти

Новиот светски клупски првак Челси веќе вложи 243 милиони евра во летниот преоден рок, но планира нов крупен потег. Главна трансферна цел на лондончани сега е 22-годишниот офанзивец на Астон Вила, Морган Роџерс, кој е проценет на околу 80 милиони фунти (околу 93 милиони евра).

Роџерс имаше извонредна сезона во Премиер – лигата со осум голови и десет асистенции во 37 натпревари, што му донесе и повик во англиската репрезентација, за која веќе има четири настапи. Играч со широк офанзивен спектар, кој може да делува зад напаѓачот и на обете крила.

Челси веќе го засили тимот со Жоао Педро, Лијам Делап и Џејми Биноа-Гитенс, но амбициите за титула во новата сезона ги тераат „сините“ да продолжат со инвестиции.

Иако Астон Вила не сака да се раздели со Роџерс, финансискиот притисок поради прекршувањата на финансискиот фер-плеј и отсуството од Лигата на шампиони може да ги натера на продажба. Како дел од понудата, Челси размислува да го вклучи и напаѓачот Николас Џексон, кој се очекува да го напушти клубот ова лето.

Дополнителен притисок доаѓа од УЕФА, која веќе ги казни двата клуба – Челси со 30 милиони евра, а и Астон Вила е под закана поради нарушени финансиски правила. Доколку Челси не го балансира буџетот, ризикува да не може да ги регистрира новите засилувања за европските натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови