Connect with us

Челси му нуди нов договор на Жоргињо

Најдобриот фудбалер за минатата сезона, Жоргињо, доби понуда од европскиот првак Челси за продолжување на соработката и по 2023 година. Иако тој планира да се врати во Италија, раководството на клубот и менаџерот Томас Тухел го убедуваат да остане на „Стемдфорд бриџ“. Жоргињо е еден од столбовите во играта на Челси во изминатите неколку сезони.


Новиот договор ќе значи и огромно зголемување на годишната плата за одличниот играч за врска. Челси планира да му ги зголеми примањата повеќе од двојно.

Жоргињо во 2018 година од Наполи се пресели во Челзи за 50 милиони фунти, а неодамна од УЕФА беше избран за најдобар играч во Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови