Челси ќе бара сума од 70 милиони фунти за да дозволи трансфер на Мејсон Маунт, и покрај тоа што играчот од средниот ред ќе влезе во последната година од договорот со лондончани претстојното лето. Двете страни не успеаја да се договорат за нов договор, што значи дека клубот ќе мора да го продаде англискиот репрезентативец за да избегне да го пушти без пари по една година.
Не недостига интерес за него, бидејќи Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Баерн Минхен се заинтересирани за потписот на 24-годишниот фудбалер.
На Челси му требаат приходи од летната продажба бидејќи клубот сериозно ги прекршува правилата за финансискиот фер-плеј, откако потроши близу 600 милиони фунти за нови играчи во последните два преодни рока. Токму затоа раководството на клубот се надева дека ќе добие 70 милиони фунти за него.
Сепак, сумата не изгледа особено реална со оглед на ситуацијата со договорот на играчот и фактот дека тој го загуби стартното место под водство на Грем Потер.
Досега се веруваше дека Ливерпул е фаворит за потписот на Маунт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













