
Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку се враќа во Милано. На негово инсистирање, откако не мина според очекувањата и неговиот втор престој на „Стемфорд бриџ“, Лукаку сакаше да врати во Интер, каде имаше одлични мигови.
Интер во моментот не е подготвен да го откупи неговиот договор, но италијанскиот клуб се договори со Челси за едногодишна позајмица за која ќе плати 12 милиони евра.
Лукаку исто така се согласи на речиси двојно намалување на платата. Во Челси заработуваше 15 милиони евра по сезона, а во Интер ќе добие 8 милиони. Белгиецот сепак сака да биде во топ форма пред Светското првенство во Катар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија
