Connect with us

Челси го декласира Евертон, Кол Палмер постигна четири гола (ВИДЕО)

Челси немаше милост кон Евертон и го декласира со 6-0 на „Стемфорд бриџ“. Натпреварот на кариерата го одигра Кол Палмер кој постигна четири гола.

Младиот офанзивец го постигна најбрзиот хет-трик во клупската историја на Челси, откако до 29.минута веќе имаше постигнато три гола.

Николас Џексон во 44.минута стрелаше за 4-0 на полувремето.

Во 64.минута Кол Палмер од пенал го постигна својот четврти гол на овој натпревар, а серијата голови ја затвори младиот Алфи Гилхрист во 90.минута со дебитанскиот погодок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови