Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, оди до крај во биката против формирањето на Европската Суперлига. Тој по финалето на Лигата на шампионите во Истанбул, во кое ќе се сретнат Челси и Манчестер Сити, треба да ја објави казната за трите клуба кои се уште не се покајаа дека биле оснивачи на натпреварувањето и немаат официјална одлука за повлекување од идејата.
Реал Мадрид, Барселона и Јувевтус треба да добијат двегодишни суспензии за настап во Лигата на шампионите.
Европската куќа на фудбалот ги објави казните за деветте клубови, кои јавно ја прифатија одговорноста за вмешаноста во Суперлигата. Тоа се Ливерпул, Челси, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Милан, Интер и Атлетико Мадрид. На нив ќе им бидат стопирани пет проценти од профитот што ќе го заработат од настапот во европските купови, а ќе треба да соберат и вкупно пет милиони евра, пари што ќе бидат инвестиран за развој на младинскиот фудбал во Европа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski