Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, вели дека вратите на славниот каталонски клуб секогаш ќе бидат отворени за неговиот поранешен соиграч, Лионел Меси. Славниот Аргентинец минатото лето го запрепасти фудбалскиот свет кога го напушти „Камп Ноу“, бидејќи каталонскиот гигант не можеше да ги исполни условите од новиот договор кој беше речиси договорен.
Меси потоа се пресели во Пари Сен Жермен како слободен играч, каде моментално работите не изгледаат ни приближно идеално за овој фудбалски ас. Минатиот викенд на првиот натпревар по елиминацијата од Лигата на шампионите од Реал Мадрид, Меси беше извиркан на „Паркот на принцовите“.
Се појавија шпекулации дека по крајот на сезоната би можел да ја напушти Франција и да се врати во Барселона. Секако, Чави не би ја одбил можноста повторно да се поврзе со својот поранешен соиграч, без разлика дали станува збор за трансфер или за посета.
„Додека јас сум тренер овде, ако тој може да доаѓа секој ден да гледа тренинзи или да разговара со тренерот. Тоа што го даде за клубот е непроценливо, тој е најдобриот играч на Барселона во историјата“, вели Чави.
Сепак, тој се сомнева дека Меси ќе се врати на крајот од сезоната.
„Тој секако заслужува голем дел од овој клуб. Но, сега има договор со ПСЖ, мислам дека потпиша на две години“.
Меси досега има постигнато „само“ седум гола во дресот на Пари Сен Жермен, но заедно со Килијан Мбапе е прв асистент во француската лига (10 асистенции). ПСЖ најверојатно ќе ја врати титулата француски шампион во Париз, но сонот за освојување на Лигата на шампионите нема да се исполни и оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













