Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, ги даде своите прогнози и очекувања за Светското првенство во Катар, кое започна во неделата. Тој се осврна на некои од главните теми околу Светското првенство и неговите ставови и за индивидуалните и за екипните настапи.
Аргентина на стартот загуби од Саудиска Арабија со 1-2, а сите очекуваат „гаучосите“ да одат далеку на Мундијалот. Тоа е последна шанса за Лео Меси да стигне до светска титула.
„За мене тој е најдобар во историјата. Тој може да се споредува само со играчи како Марадона, Пеле, Ди Стефано. Тој ќе биде број еден со или без титула од Мундијалот. Мислам дека во последните шест месеци повторно го гледаме вистинскиот Меси, тој е многу силен и ќе ја направи разликата. Аргентина и Бразил ќе се пласираат во полуфиналето и можеби ќе играат финале. Им посакувам се најдобро“, изјави Чави.
Сепак, на првиот меч, ниту Меси, ниту репрезентацијата на Аргентина не беа на посакуваното ниво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













