Connect with us

Чаби Алонсо ќе остане тренер на Баер Леверкузен и следната сезона

Чаби Алонсо ќе остане тренер на Баер Леверкузен и следната сезона, и покрај интересот од водечките европски клубови, вклучувајќи ги Реал Мадрид и Тотенхем, изјави спортскиот директор на клубот Симон Ролфес.


Пред заминувањето на тимот на првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа против Рома в четврток, Ролфес изјави дека „секогаш има гласини“, но „клубот е мирен“ на оваа тема.


„Тој има договор, па ние сме мирни. И во моментов разговараме како да го подобриме тимот за следната година“, рече Ролфес.


Поранешниот играч на Ливерпул, Баерн Минхен и на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е на чело на Леверкузен од минатата есен со договор до 2024 година.

Тој ги предводеше „фармацевтите“ од опасната зона во Бундес-лигата до шестото место и до полуфиналето на Лигата на Европа, каде ќе се соочи со својот поранешен шеф од Реал, Жозе Мурињо, кој сега раководи со Рома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови