
Капитенот на Шпанија на Светското првенство во Катар, Серхио Бускетс, најави повлекување од националниот тим. 34-годишниот играч од средниот ред на Барселона завршува со „црвената фурија“ по 143 натпревари, при што ја освои светската титула во 2010 година и европската две години подоцна.
Тој го имаше своето деби за првиот тим во април 2009 година кај Висенте дел Боске. Играчот од средниот ред не реализира пенал при поразот на Шпанија од Мароко во осминафиналето на Светското првенство.
Се погласни се најавите и дека Бускетс размислува да ја напушти Барса оваа зима, иако неговиот договор има важност до крајот на сезоната. Тој е цел на Интер Мајами и најверојатно ќе се пресели во МЛС – лигата на САД.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
