
Бруно Фернандеш ги обвини своите соиграчи во Манчестер Јунајтед дека биле мрзеливи без топка во натпреварот против Евертон (2-2), што беше последната контрола од американската турнеја. Капитенот на клубот дури и повика на нови засилувања пред крајот на преодниот рок.
„Нашата игра без топка не беше на највисоко ниво. Бевме малку мрзеливи и мора тоа да го избегнуваме, бидејќи токму таквиот мрзелив пристап може да нè чини многу“, изјави португалскиот плејмејкер.
Јунајтед веќе потроши 140 милиони фунти на нови играчи летово, но Бруно Фернандеш смета дека се потребни уште засилувања.
„Стануваме посилни, но сè уште не сме таму каде што сакаме да бидеме – продолжи Бруно. – Не сакам никого да обвинувам, но мислам дека клубот го прави најдоброто што може, имајќи ги предвид финансиските околности за кои се зборува. Не ги знам деталите, не сум вклучен во тоа, но очигледно е дека ни треба повеќе конкуренција на играчите кои веќе се тука. Ни треба повеќе квалитет за да ги натераме сите да го подигнат своето ниво и да се борат за стартно место. Мислам дека клубот и менаџерот се обидуваат да го постигнат токму тоа, и се надевам дека ќе донесеме уште еден или двајца играчи кои ќе помогнат.“
Бруно Фернандеш исто така рече дека играчите на Јунајтед имаат обврска да се искупат за минатата сезона, кога завршија на 15. место во Премиер – лигата, и дека стандардите мора да бидат повисоки.
„Секој детаљ, секое најмалку нешто е важно. Во овој клуб не смееш да си дозволиш грешки – ни на теренот, ни надвор од него – бидејќи клубот е премногу голем на светско ниво и веднаш си казнет. Привлекуваш внимание од медиумите и навивачите и мора да бидеш свесен за тоа. Во овој клуб отсекогаш постоела култура на победување и мора да ја вратиме. Не само победнички менталитет, кој мислам дека отсекогаш бил присутен, но очигледно ако не победуваш, не можеш ни да го покажеш. Клубот се обидува да подобри и други работи – тренинг-базите се подобрени, составот, стручниот штаб, многу работи. Многу луѓе настрадаа – вработени кои со години беа дел од клубот мораа да заминат. Навивачите плаќаат повеќе за билети и ние ги цениме нивните напори, па сега е наш ред да им се оддолжиме на теренот.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Патрик Шик во Баер Леверкузен до 2030 година

Прва лига
Никола Величковски ја засили Брера

Евро-фудбал
Барса ја наполни мрежата на Даегу (ВИДЕО)
