Connect with us

Брегалница подобра од Морнар на првиот тест на Златибор

Македонскиот прволигаш Брегалница со победа ја отвори серијата пријателски натпревари на подготовките на Златибор. Штипскиот тим славеше против Морнар со 2-0.

Составот на Марјан Секуловски беше подобар ривал во текот на овој натпревар, а двоен стрелец беше Андреј Кудијан.

Тој го отвори резултатот во 20.минута, а погоди за потврда на триумфот и во 73.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови