
Македонскиот второлигаш Брегалница доживеа пораз од 0-1 од српскиот прволигаш Раднички од Сремска Митровица на првиот пријателски натпревар на подготовките во Дојран. Поразот на штипскиот тим на тестот во Дојран дојде по грешка на одбраната уште во втората минута од средбата која гостите ја искористија за ран погодок.
Од првата минута на натпреварот настапи и засилувањето за продолжението од сезоната, Муарем Муарем.
Во продолжението Брегалница ја контролираше играта преку активно темпо создавајќи можности за погодок, но мрежата на српскиот тим остана нечепната. Во второто полувреме, избраниците на Марјан Секуловски имаа дополнителни можности за гол, наспроти дефанзивно ориентираните противници, но изостана реализацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
