Фудбалскиот второлигаш Брегалница потпиша прв професионален договор со еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Љупче Кудев. 17-годишниот фудбалер за врска, кој е младински репрезентативец на Македонија, потпиша договор за петгодишна соработка со штипскиот клуб.
„Согласно принципите за постојана промоција на младите фудбалери секако задоволство е потпишаниот договор со една од нашите најголеми надежи, Љупче Кудев. Брегалница останува одлучна паралелно со добро познатите амбиции за резултатска успешност, максимално да остане посветена и на изградбата на иднината на клубот преку поддршка на сопствените производи“ – изјави извршниот директор на ФК Брегалница, Емил Тодев, по потпишувањето на договорот со Кудев.
Брегалница обезбеди седум бода предност на врвот на табелата во Втората лига Исток по есенскиот дел од шампионатот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













